Меленото месо често се користи во нашата кујна за подготвување на разни јадења, од мусака, филови за пити, до сè што може да се наполни, како полнети пиперки, тиквички, сарми…

Но, можете да подготвите и полнети ќофтиња, ќофтиња со зеленчук, плескавици и што ли уште не…

Меленото месо не чини многу и може да се комбинира со речиси секоја храна. Најчесто се пржи, но според една готвачка, повеќето домаќинки прават една голема грешка при подготвувањето…

Речиси секоја домаќинка прво го пропржува исечканиот кромид, а кога ќе омекне, го додава меленото месо и продолжува со пржењето.

Меѓутоа, овој начин не е најдобриот. Ако прво го испржите меленото месо, неговите пори подобро ќе се затворат и со тоа ќе се намали можноста да се превари и да се исуши.

Исто така, кога ќе се додаде кромид по пржењето на месото, подобро ќе ги ослободи аромите и ќе го подобри вкусот на меленото месо.