Потребни состојки:

600 г брашно

1 сув квасец од 10 г или 15 г свеж

300 мл млеко

100 мл масло

1 лажичка шеќер

2-3 лажички сол

Постапка:

Во подлабок сад ставете г млекото со квасецот, додадете јајце, масло, сол. Полека со миксерот изматете. Потоа додадете го постепено брашното и замесете меко и мазно тесто. Ќе добиете малку помеко тесто.

Тестото ставете го во чист, малку намастен сад, па и тестото убаво намастете го од сите страни и покријте го одозгора со крпа. Оставете да се удвои.

Нараснатото тесто поделете го на четири дела и обликувајте ги во четири убави топки. Развлечете ја првата кора во круг со величина од околу 25 см (како ќе се редат следните кори врз неа, оваа малку ќе се зголеми и ќе стане 30 см).

Развлеченото тесто ставете го на хартија за печење поставена во тепсијата за печење. На тој првиот круг намалкајте 50 г путер или маргарин. Развлечете го вториот круг и ставете го врз првиот, па премачкајте го со кисела павлака.

Развлечете го третиот круг, па и врз него ставете сечкан или рендан путер и премачкајте. Конечно развлечете го четвртиот круг и ставете го врз третиот.

Со прстите спојте ги горната и долната кора за да се залепат и затворат.

Погачата пресечете ја одозгора како ѕвезда во средината, но само површински. Премачкајте со две жолчки, наросете со мак, сусам, крупна сол или нешто по ваш избор.

Ставете ка погачата да се пече на 200 степени околу половина час. Кога ќе зарумени ставете парче хартија одозгора за да не ви изгори одозгора. Печената погача извадете ја од тепсијата и оставете ја 15-тина минути малку да излади.