Хемороидите претставуваат проширување на крвни садови кои се наоѓаат на анусот. Луѓето кои ги имаат овие проблеми знаат дека станува збор за многу болна состојба.
Меѓутоа, постои едно решение со кое за 20 минути можете да се ослободите од хемороидите и тоа на брз и едноставен начин.
Постојат многу причини кои доведуваат до појава на оваа состојба, но главни се: генетика, дијареа, хипертензија, констипација, бременост, консумирање на премногу зачинета храна, употреба на големи дози лаксатив.
Доколку сакате што поскоро да се ослободите од оваа иритантна состојба, тогаш пригответе го овој домашен лек и уверете се во неговата делотворност.
Потребни состојки:
20 г ланолин
20 г пчелин восок
250 мл масло од пченични ркулци
10 г суви цветови од ружа (венечни ливчиња)
10 г сув цвет од камилица
Постапка:
Во еден сад ставете масло од пченични ркулци, ланолин и пчелин восок, па додадете суви цветови од ружа и камилица. Ставете на тивок оган да се измешаат состојките 60 минути. Потоа маслото процедете го преку газа.
Складирајте го во соодветен сад со капак, или повеќе помали соодветни садови.
По некое време смесата ќе стврдне и ќе може да се користи.
Се нанесува на хемороидите и се остава да делува.
Веќе после само неколку минути ќе можете да почувствувате големо олеснување, а болката ќе исчезне.
Според проценките, во текот на својот живот дури преку две третини од луѓето во светот водат битка со хемороидите, болести со проширени крвни садови околу анусот, како и во долниот дел на ректумот.
Хемороидите подеднакво ги погодуваат и мажите и жените и младите и старите. Иако главно се безопасни, може да бидат и многу непријатни. Се јавуваат најчесто како последица на долго седење или стоење, па најмногу се погодени луѓето кои работат во канцеларија или оние кои долго стојат на нозе.
Симптомите се јадеж и жарење на аналното подрачје како и болка при дефекација и појава на крв во екскрементот.
Факторите кои ја зголемуваат можноста од појава на хемороиди се дебелина, опстипација, напрегање при празнење на цревата, хроничен пролив, бременост и подигање на тешки терети.
Специфичните симптоми тешко е да се игнорираат. Чувствителното подрачје на анусот интензивно чеша, а можна е појава на жарење и болка со различен интензитет.
Појава на светла крв и слуз на столицата е она што обично сериозно ги загрижува заболените, особено ако крвавењето е проследено со јазли и грутчиња во внатрешноста и околу аналниот отвор.
Иако нималку пријатни, во здравствена смисла не претставуваат голема опасност освен што зачестеното и долготрајно крварење може да предизвика анемија поради губиток на железото.
ХИГИЕНА И ПРАВИЛНА ИСХРАНА
Најдобриот пристап во борбата против хемороидите е превенција и спречување на нивна појава. Притоа треба да се одбегнува дигање на тежок терет и долготрајне седење и стоење, да се применува правилна исхрана.
На организмот треба да му се обезбедат доволно растителни влакна преку овошје, зеленчук и интегрални житарици. Прехрамбените влакна, имено, имаат способност да впиваат вода и да набубруваат со што се зголемува волуменот на столицата и се олеснува празнењето на цревата.
Со тоа се намалува притисокот и со тоа се спречува појава на хемороиди.
Пожелни намирници: ркулци, јаболка, круши, репка, зелка, брокула, мешунки и интегрални житарици. Секој ден треба да се консумираат пет или повеќе оброци со овошје и зеленчук. Исто така, потребно е да се пијат доста течности, односно вода.
Ако хемороидите крвават, потребно е да се консумираат намирници кои содржат витамин К, како зелен лиснат зеленчук, а ако крвавењето е обилно и долготрајно, треба да се прима додаток на исхраната кој ќе го обезбеди железото во организмот.
Намирници кои треба да се одбегнуваат: црвено месо, месни преработки, процесирани производи и чоколадо. Треба да се одбегнува кафе и алкохол (особено црно вино). Агресивните зачини како црн или црвен пипер треба да се одбегнуваат.
Треба секојдневно умерено да се вежба.
Покрај правилната исхрана потребна е добра, редовна хигиена.