Овој рецепт за народен лек ни го испрати нашата редовна читателка Марија.
Потребни состојки:
300гр лук
1кг лимони
Подготовка:
Лимоните се мелат цели со се кора и семки.
Во 1,5 литар зовриена вода се додаваат лукот и лимоните и вриат 15мин.
Се остава да се излади, се процедува и се пие 0,5дл дневно, во текот на 25 дена.
Се прави пауза од 10 дена, па повторно се пие 25 дена и потоа се престанува со употреба на овој народен лек.