ПРОТЕИНСКА ПИЦА…Ова го правам секој ден…200 г леќа и 1 сладок компир…без глутен и посно, многу вкусно, и едноставно јадење…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г жолта леќа
1 сладок компир со средна големина
2-3 млади зелени кромитчиња
2 чешниња лук
250 мл растително млеко
1 лажичка прашок за печиво
за гарнир: доматен сос, сечкан свеж магдонос
ЗАЧИНИ:
1/2 лажичка чили/буковец
1/2 италијанска зачинска мешавина (или вегета)
сол по вкус
1/2 лажичка лук во прав
1/4 лажичка куркума
1/2 сув кромид во прав
ПОСТАПКА:
1.Леќата испакнете ја во ладна вода и исцедете ја. Потоа потоете ја во нова чиста вода и оставете да отстои 3 часа за да набабри.
2.Слаткиот (батат) компир излупете го и изрендајте го. Ставете да се издинста на малку масло загреано на умерена температура. Додајте и ситно сечкан млад кромид, како и 2 чешниња мелен или ситно сечкан лук.
3.Додајте зачини по вкус и донстајте 2-3 минути додека сето убаво да омекне. Претурете го во друга чинија.
4.Натопената леќа процедете ја и ставете ја во блендер, додајте лук и кромид во прав, куркума и сол по вкус. Сипете растително млеко и изблендирајте додека да добиете мазна смеса.
5.Пред крајот додајте една лажичка прашок за печиво и кратко измиксајте за да се изедначи.
6.Смесата сипете ја во динстаниот компир и промешајте за да се изедначи.
7.Сипете ја смесата во загреана тава со малку масло, распоредете ја преку цела површина и печете на умерена температура, 5-7 минути под капак.
8.Потоа внимателно превртете ја протеинската пита со помош на поголема чинија и печете уште 5-7 минути под капак. Претходно во тавата додајте малку масло или намастете ја со четка.
9.Послужете со доматен сос и ситно сечкан свеж магдонос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.