ПЕЧУРКИ СО ЗЕЛЕНЧУК ВО СОС ОД ЛУК…Многу вкусно ПОСНО јадење кое со сласт го јадеме…Еве што е потребно за ова многу вкусно јадење:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 брокула со средна големина
300-500 г печурки (маринирани или свежи)
1 главица лук

За сос:
2 лажици сос од остриги (или доматен сос или соја сос)
1 лажица скроб/нишесте/густин
1/4 лажичка мелен бел пипер (опционо)
1/4 лажичка сол
1/4 чаша вода (50-60 мл)
1/4 лажичка мелен црн пипер

И уште:
3 лажици вода
1 лажичка масло од сусам

ПОСТАПКА:

1.Брокулата исечкјате ја на ситни цветчиња и 2 минути варете ја во зовриена вода.

2.На малку масло пропржете го ситно сечканото лукче колку да зарумени и да го ослободи својот мирис.

3.Штом лукчето зарумени додајте ги печурките (исцедени и исплакнати од маринадата). Ако користите свежи печурки тие ќе испуштат течност, па треба да ги готвите додека да испари течноста и малку да заруменат.

4.Сите потребни состојки за сосот помешајте ги во посебен сад, па сипете го сосот во печурките.

5.Гответе на умерена температура со повремено промешување додека течноста да згусне, па додајте 3 лажици вода за да се разреди и поубаво да се поврзат состојките.

6.Штом почне повторно да згуснува додајте ја брокулата и промешајте. Зачинете со една лажичка сусамово масло за вкус.

Гответе уште некоја минута додека сето убаво да се поврзе и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.