ПРЕД ЦВЕТАЊЕ ЗАЛИЈТЕ ГИ СО ОВОЈ РАСТВОР: Ги јакне корењата, а цвеќињата бујно ќе растат со големи цветови…
Природното ѓубриво од кое цветаат цвеќиња многу лесно се прави, а резултатите се загарантирани…Ќе бидете воодушевени!
Искусните градинари користат раствор од квасец за да го подобрат не само квалитетот на растението, туку и почвата.
Имено, доколку вашите цвеќиња не растат добро, доволно е да го примените следниов стручен трик и да се воодушевувате како тие ќе цветаат на пролет!
Имено, квасецот содржи витамини од Б комплексот, фитохормони и ауксин, а сите овие состојки го крепат растението и го поттикнуваат неговиот раст и развој.
Овој пригоден додаток му дава на цвеќето нов сјај за многу краток временски период. Добиваме побрз раст, подобро цветање, поубави лисја и посилни корења.
Недостигот на хранливи материи во подлогата се рефлектира во промените на самите растенија.
Ако растението полека расте, слабо цвета, има промени во листовите, слаб развој на коренот и слично, тоа се показатели дека нешто недостасува и дека му е потребна прихрана.
Кога станува збор за цвеќето, обично се користи течно ѓубриво, по можност природно. Еве што ви е потребно:
Раствор од квасец
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
10 г квасец
1 мала лажица шеќер
1 литар вода
ПОСТАПКА:
Соединете ги сите состојки и добро измешајте, а потоа оставете го растворот да отстои неколку часа. Пред наводнување на растенијата, добро протресете го.
Експертите советуваат секогаш да се прави свеж раствор, а со него да се хранат растенијата 10 до 15 дена, додека во лето може и еднаш неделно. Може да се користи и за градинарски и за собни растенија.