ВО САБОТА ЈА ОДБЕЛЕЖУВАМЕ ЗИМСКАТА ЗАДУШНИЦА: Еве што се носи на гробишта, а што во Црква…Во сабота на 9 март ја одбележуваме првата задушница годинава – зимска задушница…
Обичаи
Првата овогодишна Задушница, зимската, ја одбележуваме оваа сабота, 9 март. Обичајот налага тој ден да се посети и исчисти гробното место, да се запалат свеќи, но и да се посети црквата.
Симболиката на Задушницата се отсликува преку сеќавањето на починатите, па затоа е важно да запалите свеќа за нив. Ако не можете да отидете на погребното место, одете во црквата и запалете свеќа за покој на душата на покојникот.
Што треба да се носи во црква кога се оди на утринска литургија?
За помен, треба да понесете варено жито, црвено вино, свеќа за житото, свеќа за секој починат или една голема свеќа за сите починати, список со имињата на вашите починати најблиски и, доколку можете да си го дозволите тоа, паричен придонес за црквата.
По литургијата во црквата се одржува панихида, по што се оди на гробовите на покојните.
Што се носи на гробиштата за Задушница?
На гроб секогаш се носат свеќа, жито и црвено вино. Некој носи и бисквити, кафе или омилените колачи или пиво за покојникот.
Со посебна намена се носат жито, вино и свеќи на гробиштата.
Свеќата ја симболизира Христовата светлина, зрната нè потсетуваат дека „житото дава плод само кога yмира“, како што рекол Исус Христос. Свештеникот ќе го полие житото со вино, што ја означува Божјата милост која ќе ги излечи раните од гревот.
Се верува дека на задушниците треба да се палат свеќи за покојниците да не бидат „во мрак“ цела година.
Многумина мислат дека и житото и храната се подготвуваат за мртвите, но вистината е дека тоа им се дава на насобраните и на минувачите кои во молитвите ќе го спомнат покојникот.
Истото важи и за колачите или другите слатки што се оставаат на гробиштата.