Не верував дека печурките можат да бидат толку многу вкусни…Повкусни од месо! Подготвени на овој начин, во комбинација со зеленчук претставуваат одлична и многу поздрава замена за месото…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За гарнир:
150 г ориз
450 мл вода
1 лажичка сол
400 г печурки
малку масло
1 главица кромид
2 (црвена и жолта) пиперки
1/2 чили пиперка по желба
1 чешне лук
За сос:
1 лажичка шеќер
2 лажици соја сос
1 лажица оцет (оризов, јаболков)
1 лажица кечап
И уште:
1 китка магдонос
сол, црн пипер
ПОСТАПКА:
1.Оризот измијте го и варете го во зовриена вода со сол, 12 минути или колку што е потребно, под капак, на умерена температура.
2.Печурките исечкајте ги и испржете ги на малку масло додека да добијат златна боја.
3.Додајте го ситно сечканиот кромид и промешајте.
4.Потоа додајте ги пиперките исечкани на коцки и продолжете со динстање. Зачинете со сол и црн пипер и додајте ситно сечкано лукче.
5.Додајте го приготвениот сос (сиите состојки измешајте ги).
6.Продолжете со динстање и кога зеленчукот ќе омекне, на крај додајте го ситно сечканиот магдонос.
7.Промешајте и динстајте уште кратко време, па послужете со гарнир од варен ориз. Постапката погледнете ја ОВДЕ.