Денес повеќето луѓе посегнуваат по разни освежувачи и миризливи свеќи за простории кои навистина се еден вид на решение, но исто така, можат да бидат и опаcни по здравјето, бидејќи го зголемуваат ризикот за заболување од pак или аcтма.
Меѓутоа, постои едно ефикасно и природно решение кое не чини многу а резултатите се совршено мирисни.
За да направите домашен освежувач на воздухот, потребни ви се:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 лажички сода бикарбона
2 капки масло од лаванда и
3 чаши вода
ПОСТАПКА:
Сè што треба е да ги измешате овие состојки во еден сад, па потоа да ги преточите во чист сад со распрскувач. Користете по потреба.
Прскајте врз завеси, драпери, украсни перничиња, теписи…
Мирисот и свежината која ќе ја преплави просторијата ќе го воодушеви секој ваш гостин.
Напомена: некои еденцијални масла не се препорачуваат за бремени жени, па во таков случај консултирајте се со вашиот лекар.