Потребни состојки:
150 г млечно чоколадо
150 г бело чоколадо
250 г путер од кикирики
Постапка:
На пареа или на тивок оган растопете го млечното чоколадо и путерот од кикирики. Помешајте ги состојките и излејте во плех обложен со хартија за печење.
Растопете го и белото чоколадо и излејте го врз претходната смеса.
Со виљушка измешајте ги двете смеси така да добиете интересна шара од темно и светло чоколадо.
Изладете на собна температура, па ставете го во замрзнувач, а кога ќе смрзне сечете на коцки.