ЗА СИЛНИ КОСКИ – Една лажичка дневно…100% природно, спас при остеопороза…Ова е 100% природен лек кој има многу позитивно влијание на коските. Нема да ве чини многу и лесно можете да го направите.

Ако земате една кафена лажичка дневно, вашите коски ќе почнат да се регенерираат и ќе бидат во подобра состојба.

По примена на овој сируп, брзо ќе почувствувате позитивни резултати. Вкочанетоста и болката во телото се вообичаени кај луѓето, особено по 50-тата година од животот. Во многу случаи, ова може да укаже на проблем со коските.

Тоа е најчесто остеопороза, односно губење на нормалната цврстина и густина на коските.

Остеопорозата е состојба која не треба да се игнорира, но треба да се најдат добри извори на калциум. Ако го земате овој природен препарат, по една кафена лажичка дневно, ќе си обезбедите доволно количество калциум.

Вашите коски ќе почнат да се регенерираат и ќе бидат во подобра состојба. Можете да купите и таблети со калциум, но на многу луѓе им е тешко да се одлучат на таков чекор.

Овој препарат содржи целосно природен извор на калциум и бидете сигурни дека брзо ќе ги почувствувате позитивните резултати.

РЕЦЕПТ:

Земете едно живо јајце. Неговата трвда лушпа е ризница на калциум. Треба само да ја растопите со помош на лимон и неговата киселина.

Значи, исцедете сок од еден лимон. Земете мала чаша и ставете го целото јајце во неа, претходно добро измиено и исушено.

Во чашата не треба да остане многу простор, туку само колку што е потребно за да се обложи јајцето со сок од лимон. Јајцето прелијте го со сок од лимон.

Брзо ќе забележите дека реакцијата започнала и дека започнал процесот на одвојување на калциумот од лушпата од јајцето.

Ќе видите како се формираат меурчиња. Под влијание на оваа реакција, јајцето ќе почне да се врти. За еден час, на врвот на чашата ќе се појави густа пена.

Но, како што поминува времето, таа пена целосно ќе исчезне. Оставете го јајцето да отстои во сокот од лимон околу 48 часа. Потоа можете да го отстраните. На рабовите од шолјата ќе има нафатено боја која можете да ја избришете со памукче.

Во чашата ќе се содржи голема количина на калциум. Ако ја оставите чашата во мирување некое време, чистиот калциум ќе се спушти на дното, а горе ќе има чиста течност.

Можете да ја истурите, а да го сочувате калциумот. Земете по една кафена лажичка дневно. Ова е количина за 5 дена. После тоа, направете пауза од 5 дена, за да продолжите.

За силни коски, погрижете се да имате доволно витамин Д, бидејќи тој е потребен за добро да се користи калциумот и правилно да се дистрибуира.

Не случајно јајцата се еден од ретките извори на витамин Д. Затоа јадете и јајца! Барем по неколку неделно. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.