Габичките на ноктите се многу упорни и тешко се лекуваат. Инфекцијата обично почнува како бела или жолта дамка под ноктот.

Како што габичката се шири подлабоко во ноктот, така предизвикува задебелување, дисколорација и разлистување на ноктот – естетски непривлечен и потенцијално болен проблем.

Ноктите стануваат темни, без сјај и многу кршливи, разлистани и со непријатен мирис. За лекување на габилките на ноктите може да се користат неколку препарати, меѓу нив е ова масло.

Древните Грци го користеле маслото од оригано за лекување на рани. Карвакрол и тимол се две моќни состојки кои можат да се најдат во маслото од оригано. И двете состојки имаат силни анти – микробни и анти – габични својства.

Маслото од оригано може да предизвика иритација на кожата, па затоа треба да се разредува со друго масло (маслиново, кокосово, бадемово, масло од семки од грозје…)

За да се разреди овој моќен лек едноставно земете една лажица маслиново масло и во него капнете 2-3 капки масло од оригано, потоа оваа мешавина нанесете ја на погодените нокти, двапати дневно. Добро протријте да се впие и да делува.

Нанесувајте го маслото додека да исчезне инфекцијата. Во зависност од тоа колку длабоко е навлезена габичната инфекција, понекогаш се потребни неколку месеци за нејзино искоренување.

Ова важи за купечкото масло од диво оригано кое е есенцијално добиено со екстракција на цвет и сув лист од дивата билка.

Есецијалното масло е богато со витамини, фитонутриенти, антиоксиданти како и флавоноиди, со силни антимикробни својства.

ДОМАШНО МАСЛО ОД ОРИГАНО

Има два начини: со сува и со свежа билка.

МАСЛО СО СУВО ОРИГАНО – Се користи 1:1 билка и масло (маслиново, кокосово, бадемово, масло од семки од грозје…).

Сувата билка се става во тегла и се налева со маслото. Потоа теглата се става во сад со зовриена вода, тргнато од оган.

Откако ќе отстои 5-10 минути во топлата вода, теглата се остава 1-2 седмици на сонце, повремено протресувајќи ја. Се процедува во шишенца со капалка и се чува во фрижидер.

МАСЛО СО СВЕЖО ОРИГАНО – Се користи 2:1 билка и масло.

Во теглата се толчи убаво билката за да испушти од своите сокови, а потоа се прелива со масло.

Се затвора убаво теглата  и се чува на ладно, подалеку од сончева светлина, протресувајќи ја еднаш на неколку дена. Мора да биде убаво затворена теглата за да не дојде до појава на мувла. Се процедува во шишенца со капалка и се чува во фрижидер.

Домашното масло не е есенцијално, туку инфузија и не е толку силно, па затоа може директно да се нанесува на кожа (ако не е чувствителна) или да се разредува 1:1 со друго масло.