Направете домашен лек за респираторни проблеми: Овој сируп ги чисти белите дробови и го спречува кашлањето преку ноќ! Домашен народен лек кој ги решава респираторните проблеми.

Ловоровите листови се познати уште од древно време како одличен зачин за многу јадења, но и како лек со антиинфламаторно и антисептично дејство.

Богат е со минерали како што се калиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк, магнезиум, селен, како и витамини од Б групата, кои се важни за функционирањето на целиот организам.

Ловоровиот лист е неоспорен кога станува збор за отстранување на респираторните проблеми, па затоа често се користи за инхалација.

Сирупот од ловоров лист се препорачува за зајакнување на имунитетот, прочистување на респираторниот тракт и ублажување на кашлица, болки во грлото и бронхитис.

За да го подготвите овој сируп, потребни ви се следниве состојки:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

6 свежи или 8 суви ловорови листови
250 мл вода
6 лажици кафеав шеќер или мед
сок од 1 лимон

ПОСТАПКА:

Ставете ја водата на шпорет, а кога ќе зоврие додајте ги ловоровите листови и оставете да отстои околу 10 минути. После тоа, процедете ја водата во друг сад, додајте кафеав шеќер и сок од лимон.

Сè добро измешајте додека шеќерот целосно да се раствори и сирупот да ја добие потребната густина.

Чувајте го сирупот во стаклен сад во фрижидер. Рокот на траење е неколку дена, па затоа правете го во помали количини.

Пијте до 3 лажички сируп дневно, додека да почувствувате олеснување.