ЧУДО-СИРУП за бели дробови и бронхии, лесно се прави: Против кашлица, за силен имунитет! Ова е рецепт на нашите баби кои порано редовно го приготвувале, а станува збор за „мед“ или сируп од глуварче.
Оние што навремено си го приготвиле и го имаат во текот на зимскиот период, ќе им се најде при рака кога владеат вирусите и настинките, а сите останати вреди да си го запишат рецептот и напролет да си го приготват.
Од коренот па до врвот, глуварчето е лековито растение кое во народната медицина се користи за лекување на разни болести уште од древно време.
Од ова растение најчесто се подготвуваат чаеви, од листовите се прават салати, но од цветовите можете да направите исклучително здрав и вкусен „мед“ или џем од глуварче.
Медот од глуварче најчесто се користи за лекување на респираторни инфекции, го штити здравјето на белите дробови, го зајакнува имунитетот и е одличен за детоксикација.
Секое утро земајте по една лажичка мед од глуварче, ќе добиете одличен еликсир за здравјето на целото тело.
Рецепт за мед од глуварче. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 свежо набрани цветови од глуварче
1 лимон
1 портокал
2 литри вода
2 кг шеќер (може и замена, но оригиналниот рецепт се приготвува со шеќер)
ПОСТАПКА:
Важно е цвеќето да се бере во чиста и незагадена област, во природа или во рурална средина – каде што нема премногу автомобили, прашина и загадување.
Наберете ги цветовите на пладне, при сончево време и целосно отстранете ги зелените стебленца (потребен е само жолтиот дел). Важно е да останат само цветовите, па убаво да се измијат во ладна вода.
Цветовите ставете ги во тенџере, прелијте ги со 2 литри вода и оставете да зоврие. Штом зоврие, намалете ја температурата, поклопете и гответе уште 20 минути.
После тоа, процедете и истурете ја добиената течност во големо тенџере, вратете на топлата рингла и додајте шеќер. Мешајте непрекинато додека шеќерот да се стопи и сирупот да добие густина.
Измијте ги лимонот и портокалот, па исечкајте ги сосе кората и додајте ги во медот.
Промешајте и продолжете со готвење на ниска температура додека да се згусне како мед или малку поретко (кога ќе се олади уште повеќе ќе згусне), а потоа тргнете го од оган и оставете да се излади.
Добиениот мед заедно со целото овошје истурете го во чисти тегли, покријте го и чувајте го на ладно и темно место.
Доколку не консумирате шеќер, истиот ефект можете да го постигнете доколку наместо шеќер во подготовката на медот од глуварче користите ливадски мед, а загревањето го правите на водена пареа (ниска температура) за да не се изгубат лековитите својства на медот.