Бадник му претходи на најрадосниот христијански празник – Божиќ. Тоа е придружено со бројни обичаи кои ги разубавуваат подготовките на човечката душа за раѓањето на синот Божји. Тој го претставува последниот и најстрог ден од Великиот пост.
Во зори, под ударите на секирата, млад даб се збогува со сонцето. Сече со три удари, па паѓа на исток.
Бадниковото гранче е симбол на дрвото кое, според традицијата, овчарите им го донеле на Јосиф и Марија за да запалат оган и да ја загреат пештерата во која е роден Исус Христос.
Неговото палење е главниот дел од овој празник, но гранчето ќе остане блиску до куќата од утро до самрак и дури потоа ќе се внесе, посипано со жито. Бадниковото гранче се пали со особена почит, и се моли за здравје, среќа и мир.
На бадниковото утро се чисти куќата, се украсува со слама, на трпезата се става суво и јаткасто овошје, славска празнична свеќа – со која се започнал постот кој има за цел да ја очисти душата. Потоа се подготвува посна вечера и се оди во црква на бдение.
Домаќинките приготвуваат посно, разновидно јадење: грав, риба, баклава, погача, пита… Се верува дека новата година ќе биде богата и плодна.
Подовите се посипуваат со слама, исто како во Витлеемската пештера, децата пеат за живината да се размножи и да се измоли благосостојба.
Во овие обичаи лежи и пронаоѓањето на значењето на празникот Христовото раѓање. Не е сè во трпезата и јадењето, бидејќи сето тоа може да се подготви секој ден. Важно е овој празник да го поминете во вашето домаќинство со семејството, со радост и љубов.
И додека во домовите се палат свеќи, како симбол на Исусовата светлина што ја донесе на светот, оваа вечер сокаците и улиците се пусти. Човек не оди на гости, ниту пак презема нешто од другите. Се слави вокругот на семејството, а сите обичаи се однесуваат на љубовта, простувањето и желбата да се прекинат сите кавги.
Многу обичаи поврзани со Божиќ се пагански, а црквата подоцна им дала христијански карактер.
Следниве 3 верувања биле нужно почитувани од нашите предци:
– Семе од афион (мак) треба да се јаде на Божиќ, бидејќи се верува дека ќе им донесе многу пари на оние што го јадат.
– Оние кои се скарале со некого во текот на годината простуваат и се помируваат на Бадник, а тоа е вистинскиот дух на традицијата.
– Жената на Бадник го „yдира“ со раката на мажот во слабините, а мажот на жената на ист начин, за да биде куќата среќна цела година.