Брза и вкусна торта со јогурт, од неколку состојки, готова е многу кратко време!
Потребни состојки:
500 мл јогурт
200 г шеќер
400 г бисквити
1 ванилин шеќер
2 банани
За украсување:
1 шлаг
чоколадни трошки или нешто по ваш избор
Постапка:
Искршете ги бисквитите, додадете шеќер, јогурт и ванилин шеќер, па заедно измешајте добро, да впијат бисквитите.
Обложете калап со алуминиумска фолија и убаво распоредете ја смесата да нема празнини.
Оставете во фрижидер да се стегне.
Извадете ја тортата од калап заедно со фолијата, наредете банани пресечени по должина и одозгора декорирајте со шлаг и чоколадни трошки.
Многу брзо, многу вкусно, многу едноставно….