Потребни состојки:

400 г брашно

1 лажичка шеќер

1/2 лажичка сол

7 г сув квасец или 20 г свеж

260 мл млако млеко

50 г путер/маргарин

За полнење на лепчето:

80 г путер/маргарин

7-8 чешниња лук

2-3 лажици сечкан магдонос или оригано (по вкус)

по вкус посолете, може и црн пипер

За премачкување:

1 јајца

Постапка:

Направете го филот за полнење на лебот: растопете го путерот, ситно исечкајте го лукчето или истиснете го низ преса, додадете го ситно сечканиот магдонос и посолете. 

Тесто: измесете средно меко тесто од состојките (путерот претходно радтопен и изладен). Покријте го и оставете го да нарасне.

Нараснатото тесто истресете го на работна површина и поделете го на онолку делови колку што сакате, па со рака или оклагија растегнете кора.

Кората премачкајте ја со приготвениот лук, свиткајте како ролат, засечете ги векните накосо со нож и исполнете ги со фил. Оставете ги малку да одморат.

Со виљушка изматете едно јајце и премачкајте ги векните одозгора, ставете ги во рерна, вклучете ја на 180 степени и печете ги додека убаво да заруменат.