За да ги отстраните дамките од белата покривка за маса, испробајте ги овие докажани трикови за да ги отстраните најтврдокорните дамки од вино, кафе, маснотии и храна со „проблематичните“ црвени плодови врз белиот чаршав…

Црно и бело вино

Дамките од црвеното и белото вино доста тешко се отстрануваат, можат да останат на белата ткаенина и засекогаш да ја уништат, доколку не ги знаете „триковите“ на искусните домаќинки.

Штом забележите дамка посипете ја со сол, а еве зошто. Овој зачин ќе го впие вишокот течност. Потоа, чаршавот измијте го во ладна вода со додадена малку сол или сода бикарбона.

Најважното нешто што треба да се запамети е никогаш да не го триете местото каде што е дамката, туку нежно допрете го со чиста крпа за да спречите ширење на дамката и на тој начин ефикасно ќе ја отстраните истата.

Мрсна храна

Ако чаршавот го извалкате со мрсна храна, веднаш употребете талк или пченкарен скроб (нишесте). Посипете врз дамката за да го впие вишокот масло.

После тоа, нанесете детергент за садови директно на местото и оставете го да делува неколку минути пред миење. Користете топла (млака) вода, но никако не користете врела вода бидејќи тоа може да направи дамката да остане.

Кафе

Кафето е исто така една од намирниците што може да остави трајна дамка, но решението е едноставно. Веднаш избришете го извалканото место со влажна крпа, а потоа нанесете мешавина од оцет и вода (сооднос 1:1).

Оставете го да отстои неколку минути, а потоа измијте ја покривката за маса како и обично.

Шумско овошје

Дамките од колачи, торти или пити со шумско овошје може да изгледаат толку лошо и да си мислите дека со ништо не би можеле да ги отстраните, но постои трик како да повторно ткаенината да биде чиста и бела.

Скршете јајце, одвојте ја белката и нанесете ја врз дамката. Белката од јајце ќе делува како магнет за бојата. Откако ќе се исуши, внимателно изгребете го од чаршавот. Измијте ја ткаенината во ладна вода.