Голем број експерти го препорачуваат овој појадок. Преполн е со витамини и минерали кои се многу важни за нашето здравје, за изгледот на косата, ноктите, кожата.
Овој појадок има многу лековити својства бидејќи ослободува од токсините во нашиот организам, помага при лекување на проблеми со црева и опстипација, ја дава потребната енергија, а дури помага и во слабеење.
Рецептот е многу едноставен и потребни ви се само неколку состојки за да го приготвите.
Потребни состојки:
300 мл кефир
2 лажици овесна каша (овесни снегулки претходно попарени)
1 лажица мелено ленено семе (може и немелено, но подобар ефект има ако е смелено, тукушто)
1 лажичка какао
5-7 суви сливи
Постапка:
Појадокот се приготвува навечер, а наутро се консумира.
Околу 100 мл врела вода се прелива преку сувите сливи и се оставаат 10-тина минути.
Потоа исечкајте ги и додадете ги во останатите состојки.
Добро промешајте и оставете во фрижидер. Наутро консумирајте.
Ќе бидете воодушевени од резултатите, иако е можно во почетокот да имате малку чудно чувство во стомакот кога ќе започне чистењето.