Фото и рецепт: Виолета Стојанова

Немав кисела зелка, ама затоа ставив лимонтос и едно шише расолница.

Потребни состојки:

1 кисела зелка (до 2 кг) или свежа зелка + лимонтус и околу 1 – 2 литри расолница.

2 страка праз (или главица кромид)

5 суви пиперки

1 голем морков

2 чешниња лук

150 мл свинска маст (една полна лажица + малку масло)

1 поголема димена подлактица или коленица (или свинско месо и свинска сланина)

црн пипер 

лаворов лист по желба

Подготовка:

Дименото месо се мие, се засекува и се вари во експрес лонец.

Исечете ја зелката ситно и процедете ја.

Загрејте ја маста со малку масло, па на неа издинстајте ги ситно сечканиот праз, зелката, пет суви пиперки, еден поголем морков исечен на тркалца и лукчињата. 

Се пржи убаво додека да омекне, па му се додава црвен пипер, лимонтус, сол, црн пипер, по желба ловоров лист и се залева со расолница да проврие.

Месото се чисти од коската и се сече.

Потоа додадете ги месото што претходно го исечкавте и динстате сè заедно  20-ина минути. Ставете сè во земјен сад и печете во загреана рерна на 200 степени.

Фото и рецепт: Виолета Стојанова