„Внуко, не ставај малтер на лицето, исчисти го црниот дроб и ќе немаш ниедна брчка!“: На баба ми рецептот го пијам и денеска, имам 50 години и мазна кожа…Со овој напиток за само три дена црниот дроб се прочистува и повторно се враќа во нормална функција…
„Црниот дроб е филтер, како цедалка за чај на пример…“, се обидуваше баба ми пластично да ми објасни. „Кога цедалката ќе се преполни и ќе и се затнат дупчињата, таа повеќе не е функционална. Мора да ја испереш за да ја вратиш во употреба. Истото важи и за овој орган, за целиот организам…“
Има многу добри чаеви и напитоци за прочистување на црниот дроб, како што се „магарешкиот трн“, коренот од глуварче, свежата козја сурутка, свежо цедениот сок од морков, цвекло и јаболко…но има и некои напитоци чијашто формула исто така делува брзо и ревитализирачки.
Еден од тие напитоци е и овој, според рецептот на баба ми. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
10-12 урми без семки
4 суви смокви
6-7 суви сливи
500 мл вода
ПОСТАПКА:
Од урмите извадете ги семките и пресечете ги на половина, а сувите смокви исечете ги на четвртинки. Додајте ги сувите сливи и целото суво овошје прелијте го со половина литар вода.
Ставете на оган и штом зоврие намалете ја температурата и варете 10 минути. Потоа процедете ја течноста. Плодовите сочувајте ги во посебен сад и изблендирајте ги.
УПОТРЕБА: Се пие по една чаша наутро на гладен стомак, трипати во неделата. Добиеното пире од вареното овошје можете да го изедете го после напитокот или да го додадете во овесна каша. Деталите погледнете ги ОВДЕ.