ПОСНИ КОЛАЧИЊА: Без печење, без шеќер и за 5 минути! Здрав енергетски десерт!Дали сакате вкусен, но здрав десерт за секој ден? Овој рецепт за енергетски колачиња без шеќер е токму за вас!
Овие вкусни колаченца со житарици се совршени за здрав десерт или брза закуска! Само земете малку овесни снегулки, урми и вашите омилени јаткасти плодови или семки! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г урми без семки (потопени во вода 15 минути)
150 г овесни снегулки мелени
50 г кикирики
40 г суво грозје (бело, по можност)
30 г семки од сончоглед ситно сечкани
30 г семки од тиква ситно сечкани
1 супена лажица сусам
1 супена лажица мед
100 г темно чоколадо
ПОСТАПКА:
Бо блендер сомелете ги овесните снегулки и додајте ги исцедените урми. заедно продолжете го мелењето, па содржината истурете ја во еден подлабок сад.
Тука додајте го сувото грозје, медот, сусамот, сончогледот и семките од тиква. Измешајте и сипете ја целата смеса во некој помал калап обложен со кеса или најлон-фолија. Можете да полните и калапи за мафини, или какви имате.
Добро притиснете со шпатула или лажица за се соедини смесата и да нема празнини.
Одозгора премачкјате едно растопено чоколадо, посипете семки, семе или јатки по избор, па оставете го колачот да се олади еден час.
Потоа сечете штангли или облици по ваш избор.
Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.