Белиот трн (Silybum marianum) е извонреден за црниот дроб, благодарение на состојката силимарин што ја содржи во семето.
Подготовка:
Една лажица семе од бел трн се прелива со 250 мл врела вода. Се остава да отстои 10-20 минути па се процедува.
Овој чај може да се комбинира со нане за да го подобри вкусот.
Употреба: трипати дневно, половина час пред јадење. Се пие топол, во голтки.