На 65 години сè уште немам брчки! Избришете ги и вие од вашето лице! Сеопфатна нега на лицето…Почестете ја вашата кожа со луксузна СПА нега дома! Со овој рецепт ќе научите како да креирате сеопфатна нега на лицето со исклучиво природни состојки.

Откријте ги тајните за мека, сјајна кожа, без хемикалии или синтетички адитиви. Ќе ви откриеме чекор по чекор рецепт кој ќе ви помогне да одржите здрава и негувана кожа и да и дадете природен сјај. Ве очекуваат неверојатни резултати! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Основа:
3 лажици ориз
200 мл вода

Тонер:
1/2 краставица
100 мл сок од краставица
6 лажици оризова вода

Пилинг:
пулпа од краставица
1 лажица кафеав шеќер
1 лажичка маслиново масло

Ноќен крем:
100 мл оризова вода
1 лажица пченкарен скроб
1 лажица гел од алое вера
1 лажичка глицерин
5 капки витамин Ц
5 капки масло од лаванда

ПОСТАПКА:

Измијте го оризот и покиснете го во вода да отстои преку ноќ, па следниот ден изблендирајте (со рачен блендер) го и процедете го низ газа.

Течноста тргнете ја настрана. Оризовата вода ја осветлува кожата, ги намалува старечките дамки и обезбедува порамномерен тен.

Краставицата изрендајте ја и исцедете го сокот низ газа.

Сто милилитри сок од краставица помешајте со шест лажици оризова вода и ќе добиете тоник.

Складирајте го тоникот во шише со распрскувач за полесна употреба. Овој тоник ја навлажнува и ја зајакнува заштитната бариера на кожата, намалувајќи ги отоците и иритацијата.

Во пулпата што остана од исцедената краставица додајте кафеав шеќер (или обичен, кристален) и малку маслиново масло. Вашиот пилинг е готов. Останува да се приготви уште кремот:

Во оризовата вода помешајте скроб, па загревајте на умерен оган додека да згусне. Оставете да се олади па додајте ги сите наведени состојки и добро промешајте.

Складирајте го кремот во соодветен сад и чувајте го фрижидер, до 1 месец на температура од 5-7°C. Овој крем гарантира дека кожата останува мека и мазна, без брчки и акни.

УПОТРЕБА:

Нанесете тоник на памучна подлога и избришете го лицето со него. Потоа нанесете го пилингот со лесни движења, масирајте 2-3 минути и исплакнете со топла вода. Потоа нанесете ноќен крем. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.