НАПОЛИТАНКА ТОПЧИЊА ЗА 15 МИНУТИ: Едноставни, брзи и многу вкусни…Според вкусот и состојките кои се користат за нивно приготвување, овие колачи најмногу потсетуваат на фереро топчињата. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г наполитанки со вкус на лешник
100 г чоколаден лешников крем – Нутела, еурокрем… (4 лажици)

За декорација:
150 г млечна чоколада
3 лажици сечкани лешници

ПОСТАПКА:

Сомелете ги наполитанките, додајте го лешниковиот крем по ваш избор и соединете ги состојките (додајте уште малку крем доколку е потребно, ако смесата е сува).

Растопете го чоколадото и измешајте неколку лажици ситно сечкани лешници. Со влажни дланки формирајте топчиња, валајте ги во чоколадо и посипете ги со сечканите лешници.

Ставете ги топчињата во фрижидер да се стегне чоколадото и послужете. Видеопрезентацијата можете да ја погледнете ОВДЕ.