ЕДНОСТАВЕН КОЛАЧ: Многу брз и евтин, ама никој не може да се сопре на едно парче…Сите го сакаат! Одличен десерт за деца и возрасни, меки и кремаст, се топи во уста…
Може да се сече на коцки и да се послужи како колач, но може да на се направи и како торта за разни свечени пригоди. Многу едноставно се приготвува. Еве што ви е потребни според рецептот на Тања:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Плех за печење 28х38 см
Бисквит (сите состојки на собна температура):
4 средни јајца
1 прстофат сол, 1 лажичка ванилин шеќер
120 г шеќер, 2 лажици вода
80 г брашно + 40 г какао во прав
0,5 лажиче прашок за печиво
Бел фил (сите состојки ладни, од фрижидер):
250 гр крем сирење/или несолена урда
100-150 г кондензирано млеко или шеќер
30 г мед (по избор), ванила за вкус
300 г крем од 30%/слатка павлака
10 желатин + 60 мл вода помешано и оставено да набубри
Глазура:
80 г чоколадо + 40 г путер
ПОСТАПКА:
Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со прстофат сол, шеќер и ванила, сè додека да се добие кремаста смеса со зголемен волумен.
Додека непрекинато матите додајте 2 лажици вода кои на тестото ќе му дадат поголема влажност и мекост. Настрана измешајте ги сувите состојки (брашното, какаото и прашокот за печиво), па постепено додавајте ги низ сито.
Не ви е потребен миксер, туку треба да мешате рачно со бавни движења додека да се изедначат состојките и да добиете чоколадно тесто. Тоа треба да биде воздушно и пенливо.
Распоредете ја смесата во плех обложен со хартија и ставете да се пече во загреаната рерна на 180 степени, 12 минути. Може да користите и поголем калап за печење, но свиткајте ги рабовите на хартијата до оваа димензија (28х38 см) или ставете 5 јајца за поголема количина.
Напомена: ако хартијата за печење е квалитетна, тогаш бисквитот многу лесно се отстранува после печењето, но ако не сте сигурни, тогаш пред да го истурите тестото, премачкајте ја површината во многу тенок слој со масло.
Печената кора превртете ја врз друг лист и отстранете ја хартијата. Оставете да се лади.
БЕЛ ФИЛ: набубрениот желатин (претходно помешан со вода и оставен 15-тина минути) растопете го на пареа или во микробранова печка за да стане течен.
Во слатката павлака додајте шеќер по вкус (јас ставив ванилин шеќер) и изматете додека да добиете нежен крем-шлаг.
Во крем сирењето додајте засладено кондензирано млеко или користете некој друг засладувач или пак обичен шеќер, потоа додајте мед и изматете со миксер додека да добиете фин мазен крем.
Сипете неколку лажици од кремот во растопениот желатин, промешајте за да се изедначат температурите, па вратете назад во смесата и повторно изматете за да се распореди.
Во кремот започнете постепено да ја додавате изматената павлака, но овојпат мешајте рачно. Оставете го кремот во фрижидер 5 минути, колку што ви е потребно за да го пресечете пандишпанот на половина.
Треба да добиете две исти кори. Целиот крем рамномерно распоредете го врз едната кора и израмнете ја површината. Одозгора поклопете со втората кора и нежно притиснете.
Одозгора можете да посипете какао во прав и веднаш да послужите, или да залиете чоколадна глазура и да декорирате по желба. Изладете во фрижидер и уживајте во прекрасниот вкус. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.