НАПРАВЕТЕ ГО ОВА СО ОРХИДЕЈАТА И ЌЕ ПОРАСНАТ НОВИ ЛИСТОВИ И ГРАНКИ: Ќе цвета непрекинато и ќе биде здрава и преубава…

Според многумина, орхидеите се најубавите цвеќиња. Вашето внимание ќе биде богато наградено, со прекрасни цветови кои можат да траат 3-4 месеци.

Досега можевте да прочитате бројни совети за заштита и нега на орхидеите, но дали сте слушнале за овој трик?

Имено, сопственикот на YouTube каналот Orchid Hacks, откри како лимоните се користат за заштита на листовите на орхидејата од болести и инсекти.

Прочитајте: „TAЈНАТА ЗА БРЗИОТ РАСТ НА ОРХИДЕИТЕ: Ќе цветаат постојано и ќе бидат многу бујни“ОВДЕ.

Лимонот ќе ги заштити орхидеите од болести, а благодарение на витамините помага и за растење на листовите. Не треба да ставате лимон директно во орхидејата, бидејќи тоа може да ја исуши.

Она што треба да го направите е да истурите 200 мл вода во садот и да ја избалансирате PH вредноста со додавање на 10 капки сок од лимон.

Прочитајте: „ОРХИДЕИТЕ САКААТ ШЕЌЕР, ЛУК, КАФЕ, И КОЦКА МРАЗ – Совети како бујно да ви расцветаат орхидеите“ОВДЕ.

Потоа земете сунѓер, ставете го во водата со лимон, исцедете го и внимателно избришете ги листовите од орхидејата.

Ова треба да го правите еднаш неделно за да спречите појава на болести на листовите од орхидеи. Повеќе можете да погледнете во презентацијата ОВДЕ.