ПОСНО, А ПРОТЕИНСКО ЈАДЕЊЕ: Многу повкусно од месо и многу поздраво!

Овие ќофтиња од леќа се подобри од оние приготвени со мелено месо, особено се мисли на она готовото мелено месо кое најчесто го има рефус или пакувано во големите супермаркети и месарници.

Протеински богат, лесен вегански рецепт! Толку се вкусни овие ќофтиња што ги готвам речиси секој ден, како главно јадење или пак, како прилог на главното јадење.

Толку малку луѓе го знаат овој високопротеински рецепт и не го искористуваат целосниот потенцијал на леќата. Едноставен и лесен рецепт кој секој може да го направи. Сите ќе бидат воодушевени од нивниот вкус! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 1/2 чаши | 285 г црвена леќа потопена 2 часа во вода и процедени
1 главица долгнавест кромид „шалот“ или обичен кромид, ситно сечкан
2 чешниња лук, ситно сечкан
1 мал морков, рендан
15 г | 1/4 чаша ситно сечкан свеж магдонос
1 лажица доматно пире
1 лажичка сол
1/2 лажичка црн пипер
малку маслиново масло за пржење

ПОСТАПКА:

Сите состојки ставете ги во „мултрипрактик процесор“ или блендер, зачинете ги, па со неколку „пулса“ изблендирајте ја смесата додека да добиете еднолична, компактна смеса.

Во нелеплива тава загрејте малку масло на умерена температура, па црпете со лажица од смесата и обликувајте ги ќофтињата. Ние направивме 4 големки ќофтиња од оваа количина.

Пржете ги по неколку минути од двете страни на умеренониска температура додека да заруменат. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.