Денес ќе ви откријам брз и лесен начин за чистење на вашиот тепих за 15 минути. Ќе ви требаат 2 едноставни состојки кои веќе ги имате во вашата кујна.

Следете ги чекорите што ќе ви ги прикажам (можете да ги погледнете и во видеото подолу) и вашиот тепих за неколку минути повторно ќе биде како нов!

Ви го откривам најдобриот начин за хемиско чистење на тепихот. Потребни се само 2 состојки…ова е мал тепих, но истиот метод моѓе да се примени и на големи теписи…

Само со природни состојки и за неколку минути вашиот тепих ќе го врати својот поранешен сјај!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лажица сол
1 лажица бикарбона

*ако тепихот е поголем зголемете ги дозите. Солта и бикарбоната секогаш треба да бидат во еднакви делови.

Лесно втријте со рацете по целата површина и оставете да делува 15 минути. Оваа смеса не ги отстранува старите дамки, но ја отстранува прашината и нечистотијата во внатрешноста на влакната.

Потоа саму поминете добро со правосмукалката за да ги исмукате сите остатоци.

Ако сакате да направите и третман за да ги направите боите светли и повторно „живи“ употребете:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

20 г лимонска киселина
растворени во 200 мл зовриена вода
додајте 400 мл ладна вода

Втријте со кружни движења по површината и тепихот веднаш станува совршено чист и блескав. Потоа оставете само да се исуши на воздух… Видепрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.