Ако некој десерт ме потсетува на детството, тогаш тоа е оваа лења пита. Ја сакам таа слаткаста комбинација и ровко тесто кое се топи во уста при секој залак.
Потребни состојки:
2 јајца
150 г путер (јас користев маргарин со вкус на ванила)
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
500 г брашно
250 г шеќер
5 лажици млеко
1 рендана кора од портокал или лимон
За фил:
700 г вишни без семки
5 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
2-3 лажици гриз
Постапка:
Во брашното измешајте го прашокот за печиво и додадете шеќер и ванилин шеќер.
Путерот издробете го или исечкајте го. Додадете јајца и млеко.
Изрендајте ја кората од портокал, па додадете го во садот со брашното. Замесете меко и мазно тесто.
Во почетокот ќе ви биде потребно малку повеќе сила, но после 5 минути гмечење и мешање, ќе стане полесно. Добиеното тесто поделете го на два дела.
Едниот дел разблечете го со оклагија и поставете го на дното од садот (калапот) за печење. Што се однесува до величината на плехот, тоа е произволно. Ако сакате подебело тесто користете помал плех, и обратно.
Вишните исцедете ги и помешајте ги со шеќер и ванилин шеќер. (Може ако сакате да ги пропжете со шеќер на оган и да додадете желатин или пудинг од ванила – варијанта).
Преку кората распоредете ги вишните и рамномерно преку нив наросете гриз.
Вториот дел од тестото развлечете го со оклагија и преклопете ги вишните.
Лењата пита печете ја во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути додека да зарумени.
Пред служење наросете шеќер во прав.