Природно забрзајте го метаболизмот со јаболкова вода и цимет. Доколку сакате брзо и без напорни диети да ги изгубите вишокот килограми, тогаш овој напиток е совршен за вас.
Потребни состојки:
Голем стаклен бокал и голема тегла
2 стапчиња цимет
2 јаболка
1,5-2 литри вода
Постапка:
Јаболкото убаво измијте го, ако е прскано излупете го и исечете го на тркалца.
Додадете 2 стапчиња цимет.
Залијте со 1,5 – 2 литри вода и оставете во фрижидер да отстои околу еден час.
Јабоковата вода пијте ја преку целиот ден наместо обична вода.