Три вкусни рецепти кои гарантирано ќе станат ваши омилени! Овие рецепти може да се прават за секој ден, но мислам дека тие се одлични идеи за семејна вечера кога сакате да имате празнична вечера!

Овие јадења со месо секако ќе ја красат вашата трпеза, ќе им се допадне на вашите најблиски. Сите рецепти се едноставни, брзо подготвени, многу вкусни и изгледаат многу импресивно!

Многу е погодно што во овие рецепти месото се подготвува во порции, а секоја порција изгледа многу убаво! Овие рецепти дефинитивно треба да ги пробате! Месото е многу сочно, меко и вкусно!

Рецепт број 1

пилешко филе 2 парчиња
3 варени јајца
свежо крем сирење 200 г
печурки 200-300 г
растително масло 30 мл
сол 0,5 лажиче
сок од лимон 1 лажица
магдонос (сечкан) 2 лажици
сол, мелен црн пипер по вкус
моцарела (или кашкавал) 200 г
јајца 2
брашно 0,5 чаша
сол 0,5 лажиче
лебни трошки (презла) 1 чаша
куркума 1 лажиче

Постапка:

Секое парче бело месо исечете го на три тенки филети, така што ќе добиете вкупно шест. Исчукајте ги со кујнски чекан за да станат уште потенки. Во подлабок сад изрендајте ги варените јајца и додајте го крем сирењето.

Печурките ситно исечкајте ги и испржете ги на малку масло загреано на умерена температура, додека да заруменат. Кога ќе испари течноста што ја испуштиле, посолете ги и сипете малку лимонов сок.

Пржете уште една минута, па извадете ги печурките со решеткава лажица и сипете ги во садот со јајцата и крем сирењето. Додајте ситно сечкан свеж магдонос. Посолете, запиперете и промешајте.

Моцарелата или кашкавалот исечкајте го на тенки стапчиња. Врз парче проѕирна фолија или хартија за печење ставете една филета месо, па едната страна нанесете од филот со печурки и крем сирење.

Дополнете со кашкавал, па со помош на фолијата свиткајте во ролат. Со кујнска шпатула притиснете за да за се зацврсти ролатот (слично како при виткање сарми од лозов лист). Ролатот пресечете го на половина.

За похување: во еден сад изматете две јајца, во друг сад измешајте брашно и сол, а во третиот сипете лебни трошки и куркума во прав.

Секој ролат прво валајте го во брашно, па во јајца и на крај во лебни трошки. Пржете ги масло загреано на ниско-умерена температура, со повремено превртување на сите страни додека да добие убава румена боја.

Видеопрезентацијата со останатите рецепти погледнете ја ОВДЕ.