За да го освежите тепихот и да блесне како нов, да го исчистите од грини, бактерии и дамки, потребни ви се само неколку минути со овој трик што го сподели Јелена на нејзиниот канал. Еве што треба да направите:

Најпрво исчистете го тепихот со правосмукалка.

Во подлабок сад ставете една таблета за машинско перење на алишта. Оваа таблета ќе му даде фантастичен мирис и чистота на тепихот. Потоа залијте ја со 1 литар топла вода. Во растворот додајте 2 лажици алкохолен оцет 9%.

Оцетот е одлично средство за отстранување на грини и бактерии. Промешајте и почекајте таблетата да се раствори

Земете сунѓер (или микрофибер крпа), натопете го и добро исцедете го, па поминете го тепихот со лесни движења, а на местата каде што има дамки притиснете посилно.

Ова е еден вид „хемиско“ чистење на тепихот и ќе забележите дека тој веќе мириса прекрасно. Потоа пребришете го со сува крпа да се собере вишокот влага.

И толку, вашата работа е завршена. Ако ви останала трага од ногарките на креветот или друг мебел, земете коцки мраз и поминете преку трагите со нежни движења, а тие ќе исчезнат. Видеопрезентацијата на Јелена погледнете ја ОВДЕ.