Супер колачиња готови за 5 минути: Ова се најдобрите колачиња досега! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце
60 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
2 лажици цврст јогурт или кисела павлака
70 мл масло
2 лажици пченкарен скроб
прстофат сол
260 г брашно
1 лажичка прашок за печиво

За фил:
100 г нутела или меко чоколадо
50 г бадеми

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад ставете ги сите состојки: јајцето, шеќерот, ванилата, јогуртот и маслото, па добро промешајте за да се изедначи смесата. Потоа додајте ги сувите состојки: сол, скров, прашок за печиво и брашно.

Брашното додавајте го етапно. На крај треба да добиете фино, мазно и меко тесто, кое не се лепи за рака, но лесно се обликува под рака. Оставете го во фрижидер додека го подготвите филот.

За фил употребите употребете некое омекнато чоколадо. Ако користите нутела, треба да биде со мека конзистенција, но не и премногу течна. Додајте ги ситно сечканите/мелени бадеми и промешајте.

Тестото спуштете го на лесно набрашнета работна површина и развлечете го во тенка кора. Исечете ги краевите за да добиете правилен квадрат. Потоа исечете го на 4 долги ленти со еднаква широчина.

Филот поделете го на 12 делови, а од секој дел обликувајте топче, а потоа и валјак. Редете по 3 чоколадни валјаци долж секоја лента од тесто.

Потоа лентите затворете ги и обликувајте ролатчиња, малку сплескани. Со тапата страна на ножот поминете преку секој ролат правејќи коси линии (шари), а потоа исечете ги на 7 помали колачиња или со должина по ваша желба.

Наредете ги во плех и печете ги во претходно загреана рерна на 170 степени, 20 минути.

Оставете малку да се оладат, а потоа обилно наросете ги со шеќер во прав. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.