Стапчињата со сирење и сусам се вкусни закуски кои можат да се направат за 15 минути, а одлично се комбинираат со различни сосови и сувомеснати производи. Можете да ги јадете за појадок, а одлични се и како прилог за вечера.

Доброто кај овие едноставни печива е што не мора да чекате тестото да нарасне, а можете да ги послужите со различни оброци. Состојките што ќе ви бидат потребни се:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 грама сирење (мора да е верзија на некое свежо сирење)
три јајца
една кафена лажичка сол
една кафена лажичка прашок за печиво
15 полни лажици брашно
100 грама сусам
масло

Постапка:

Изматете ги јајцата, посолете и додајте сосем малку масло. Потоа додајте го сирењето. Ако одлучите да додадете фета сирење, прилагодете ја количината на сол. Додајте половина кесичка сусам.

Брашното измешајте го со прашокот за печиво и постепено додавајте го во смесата. Кога тестото е готово (треба да биде компактно и нелепливо), додадете го остатокот од сусамот.

Тестото мора да биде меко. Развлечете го со оклагија во форма на правоаголник и исечете го на ленти. Загрејте го маслото на средна температура и пржете ги стапчињата неколку минути од двете страни, додека да добијат златно-жолта боја.

Ако ги печете во рерна: наредете ги врз хартија за печење и со четка премачкјате ги со малку масло, а одозгора со разматена жолчка и наросете ги со сусам. Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат. Извор: Глас Српске.