Како да направите нешто достојно дури и за празнична маса од толку едноставно јадење како ќофтињата? Лесно е: Ставете го филот внатре во меленото месо! Денес ќе направиме ќофтиња полнети со кашкавал.

Резултатот е многу сочни ќофтиња со фил кој се топи во уста. Месото одлично се вклопува со кремастиот вкус на кашкавалот. А пак комбинацијата на кашкавал со путер го прави месото уште понежно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 1 коцка кашкавал од типот ајдамер, приближно 200 г
– 50 грама путер
– свеж копар една рака
– димен црвен пипер во прав
– 500 грама мелено месо
– 1 јајце
– 1 главицакромид
– 3 лажици лебни трошки (презла)
– 200 мл млеко
– 1 лажиче ѓумбир во прав
– 1 лажичка мелено морско оревче
– сол
– црн пипер
– 2 чешниња лук
– 2 лажици брашно
– Маслиново масло

За салата:

– 1 домат
– 50 грама рендан кашкавал или сирење
– 1 чешне лук
– 1 лажиче сусам
– црн пипер
– 1 лажица мајонез
– маслиново масло

ПОСТАПКА:

Испасирајте го кашкавалот и помешајте го со путерот. Додајте ситно сечкан копар и различни зачини по вкус, па повторно измешајте за да се изедначи смесата. Тргнете настрана додека го приготвувате месото.

Во подлабок сад сипете го меленото месо и додајте јајце, многу ситно исечкан кромид, лебни трошки, 200 мл ладно млеко и зачини (ѓумбир во прав, морско оревче, сол, црн пипер), како и две чешниња лукче, ситно исечкани, а на крај и брашно.

Сето добро промешајте го додека да се изедначи смесата.

Со лажица црпете и со намастени раце обликувајте топчиња, сплескувајте ги и полнете ги со приготвениот фил од кашкавал и путер. Затворете и повторно обликувајте го ќофтето.

Секое ќофте вајалте го во брашно и спуштајте го во загреано масло на умерено ниска температура.

Ќофтињата пржете ги од сите страни додека убаво да зарменат, по 7-8 минути на секоја страна.

Додека се пржат вие пригответе ја салата. Послужете ги топли. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.