Вашето тело станува посилно, се ослободувате од вишокот калории, а болестите ве заобиколуваат Сигурни сме дека не ви треба подобра причина за да го подготвите овој природен еликсир.
Ќе се изненадите од тоа што ќе добиете кога ќе измешате сок од цвекло, морков и јаболка.
Ништо помалку од еден магичен напиток кој се здоби со светска популарност поради своите неверојатни здравствени придобивки. За првпат оваа комбинација започнала да се користи во традиционалната кинеска медицина за лекување на разни болести.
Овој едноставен напиток своите чудесни својства ги должи на присуството на два евтини видови зеленчук и еден вид овошје. Нивните лековити својства веќе им се добро познати на многумина од вас. Јаболката се богати со витамини А, Б група, Ц, Е и К, како и со минерали цинк, магнезиум, калиум, фосфор, калциум, натриум и железо.
Благодарение на високата содржина на јаглехидрати, особено фруктоза и гликоза, јаболкото го снабдува организмот со енергија и го спречува заморот.
Поради високата содржина на витамин Ц и антиоксиданси, јаболкото има силно имуностимулирачко дејство. Многу е ефикасно во борбата против вирусите, бактериите и слободните радикали, го поттикнува слабеењето и го поттикнува варењето.
Морковот е познат по витамините А, Б, Ц, Е и К. Содржи минерали калциум, магнезиум, калиум и селен. Тоа е природен лек кој го зачувува видот, го намалува ризикот од мозочен удар.
Цвеклото е богато со витамини А, Ц и Б како и со железо, бакар, магнезиум и калиум. Познато е по неговото благотворно дејство на срцето, крвните садови, црниот дроб и целиот дигестивен систем и како природен лек кој штити од многу болести.
Сокот од морков содржи фитонутриенти кои го промовираат здравјето на срцето, како што се алфа и бета-каротен и лутеин.
Благодарение на јаболкото, напитокот позитивно влијае на покаченото ниво на лошиот холестерол во крвта (ЛДЛ), го регулира крвниот притисок и го штити срцето од разни болести. Цвеклото им помага на артериите да ја задржат еластичноста и докажано е дека го намалува нивото на холестерол во крвта.
– Природниот сок од цвекло, морков и јаболко е ефикасен за чистење на црниот дроб и крвта
– Има алкално дејство врз организмот и помага во чистење на црниот дроб од токсични, отпадни материи
– Јаболката имаат силни детоксикациски својства и се богати со пектин
– Влакнести материи кои ги врзуваат токсините и им помагаат на цревата да ги исфрлат остатоците од отпадот
– Железото од цвекло е моќно средство за чистење на организмот од токсини и зајакнување на крвта
– Напитокот направен од овие три намирници е ефикасен за одржување на здравјето на бубрезите, црниот дроб и панкреасот
– Поради силните антибактериски и антивирусни својства, и поради изобилството на антиоксиданси, напитокот штити од инфекции и воспаленија.
Истражувањата покажаа дека сокот од цвекло, морков и јаболко содржи сè што ви треба за совршена кожа. Ќе ви помогне да ја одржите вашата кожа чиста, без мозолчиња и акни.
Тоа е одлично антиинфламаторно средство, кое лекува кожни болести поврзани со вируси и бактерии, како и алергии. Богатството од природни состојки ќе го забави процесот на стареење на кожата, кои помагаат при брчки, сува и оштетена кожа, и враќање на нејзиниот сјај и еластичност.
РЕЦЕПТ
Не мора да се мачите со точни количини за да го подготвите вашиот чудотворен напиток. Според вашиот вкус, можете да ставите повеќе моркови или јаболка. Користете неизлупени плодови од органско производство.
Тие се хранливи, побогати и поздрави, бидејќи не биле третирани со пестициди и други штетни хемикалии. Оние кои сакаат да извлечат максимум од овој сок треба да ги имаат сите три намирници во еднакви количини.
На пример: 3 големи јаболка, 3 главици цвекло со средна големина и 3 големи моркови. Направете сок од свежо овошје и зеленчук во соковник – исечете ги јаболкото, цвеклото и морковот и изблендирајте ги.
Процедете ги, сладирајте во тегла и чувајте ги во фрижидер, доколку сте направиле голема количина сок. Неговиот вкус можете да го надополните со свеж сок од лимета или лимон кој е богат со витамин Ц.
Ова ќе спречи оксидација на сокот. По желба можете да засладите со малку мед. Оние кои никогаш не го пиеле овој сок, нека стават помалку цвекло за да се привикнат на неговиот вкус, а потоа можат да ја зголемат количината во однос 1:1:1.
КАКО ПРАВИЛНО СЕ ПИЕ ОВОЈ СОК?
Напитокот од цвекло, морков и јаболка пијте го наутро, на празен стомак, во голтки. Не пијте го одеднаш, туку полека, во количина од една голема чаша. Не консумирајте ништо после него во времетраење од еден час.
Напитокот можете да го пиете два пати дневно. Вториот пат пијте го до 17 часот попладне, но на гладен стомак, односно кога претходниот оброк ќе ви биде сварен во желудникот.
Овој сок не треба да се меша со друга храна, а не се препорачува ниту да се раствора со вода. Препорака е полека да се пие и секоја голтка да се држи некое време во устата.
Терапијата со сокови треба да трае континуирано од еден до три месеци, доколку сакате да постигнете долгорочни благотворни ефекти по вашето здравје. Не грижете се ако вашата урина поприми црвенкаста боја, што е нормално (поради цвеклото).