За сите љубетиле на префинетите вкусови ви го препорачуваме рецептот на Наташа за кремастите коцки со нежен крем од ванила и бисквитите од афион. Оваа торта не е од оние кои се приготвуваат за 5 минути, но не е ни комплицирана за правење.

Најпрво се вари филот како пудинг за да има време да се олади, а потоа се прават бисквитите со афион. всушност, печењето и ладењето на корите одзема можеби најмногу време, но за неполн час целата торта е готова. Се печат 2 афионови и 1 бела кора. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бисквити со афион/мак (количина за 2 кори): 6 белки, 6 лажици шеќер, 100 г мелено семе од афион (мак), 2 полни лажици брашно, 2 лажици рум, 2 лажички прашок за печиво

БЕЛ БИСКВИТ: 3 белки, 3 лажици шеќер, 40 г брашно, 2 лажици масло, 1 лажица рум, 1 лажичка прашок за печиво

КРЕМ: 700 мл млеко, 200 г бело чоколадо, 50 г шеќер, 9 жолчки, 2 кесички пудинг од ванила (2х40 г), 250 мл шлаг. ДЕКОРАЦИЈА: посипете мелено семе од афион

ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ

1. Прво подгответе го кремот за да има време да се излади.
2. Во тенџерето сипете ги жолчките и шеќерот, изматете.
3. Додајте го пудингот од ванила и сипете малку млеко, па повторно измешајте.

4. Истурете го преостанатото млеко.
5. Сварете го кремот на умерена температура додека да згусне, со непрекинато мешање.

6. Сварениот крем тргнете го настрана и додајте го белото чоколадо искршено на коцки.
7. Сè заедно измешајте додека да се растопи чоколадото.
8. Префрлете го кремот во поголем сад, покријте го со фолија и оставете да се излади.

9. Изладениот крем изматете го за да стане кремаст.
10. Посебно изматете го кремот за шлагот/слатката павлака.
11. Добиениот шлаг соединете го со кремот.

ПОДГОТОВКА НА БИСКВИТИТЕ СО АФИОН

1. Измешајте една лажичка прашок за печиво со една лажица брашно.
2. Во посебен сад пенасто изматете 3 белки.
3. Постепено додавајте 3 лажици шеќер.

4. Матете додека белките да станат цврсти.
5. Сипете една лажица рум, изматете уште малку.
6. Додајте го подготвеното брашно и 50 г мелено афион, па полека измешајте рачно со жица за матење.

7. Смесата распоредете ја на хартија за печење во калап со димензии 20 х 30 см.
8. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
9. Печениот бисквит оставете да се излади.
10. Повторете ја постапката и за вториот бисквит од афион.

ПОДГОТОВКА НА БЕЛ БИСКВИТ

1. Измешајте една лажичка прашок за печиво со една лажица брашно.
2. Во посебен сад пенасто изматете 3 белки.
3. Постепено додавајте 3 лажици шеќер.

4. Матете додека белките да станат цврсти.
5. Сипете една лажица рум и масло, изматете уште малку.
5. Додајте го подготвеното брашно и сè измешајте со жица за матење.

6. Смесата распоредете ја во истиот калап каде што сте ги печеле бисквитите со афион.
7. Се пече на 180 степени околу 15 мин.
8. Оставете да се излади.

РЕДЕЊЕ НА ТОРТАТА:

1. Третина од кремот распоредете врз бисквитот со афион.
2. Ставете го белиот бисквит.
3. Распоредете половина од преостанатиот крем.

4. Ставете го пандишпанот со афион.
5. Намачкајте го остатокот од кремот.
6. За декорација посипете ја површината со афион.
7. Готовиот колач се става во фрижидер да се стегне.

Видеопрезентацијата на Наташа погледнете ја ОВДЕ.