Наскоро почнува грејната сезона, а сите што користат радијатори знаат колку е тешко да се одржуваат чисти.

Прашината навлегува во недостапните места до кои често е невозможно да се стигне. Затоа ви пренесуваме два начини за брзо и лесно чистење на зимските помошници. И двата начини се применуваат само пред отпочнување на грејната сезона.

Прв начин

Важно е да знаете дека на радијаторите се собира голема количина прашина, па доколку редовно не ги чистите и не ги подготвувате за зимскиот период, големи се шансите целата оваа нечистотија да заврши во воздухот што потоа ќе го дишете.

Прво извадете ја металната рамка, со поместување нагоре, па потоа се одвојува, но важно е, како што предупредуваат во видеото, тоа да го направите или со ракавици или преку крпа или стар пешкир. Потоа се отстранува горната страна, односно решетките.

После тоа, отстранете ја целата прашина со метла или крпа, а можете и да вакуумирате. Сè враќате назад ставајќи ја едната страна, решетката, па другата страна.

Втор начин

По површинското чистењето, време е за длабинско чистење. Една жена сподели едноставен принцип на Тик Ток кој го практикува со години за да ги отстрани сите нечистотии.

Прво ставете крпа или пешкир под радијаторот, за да не капе водата насекаде. Исто така, ако имате, ставете пластичен сад или најдобро најлон за да не се натопи подот. После тоа, зовријте вода и додајте со детергент за перење.

Добро измешајте и прелијте со радијаторот одвнатре. Топлата вода и детергентот ќе го отстранат сето она што е заглавено на цевките. Повторете ја постапката неколку пати додека да бидете сигурни дека сте отстраниле сè. Погледнете ОВДЕ.