Рецепт за ЗЕБРА КОЛАЧ кој секогаш ќе ви успее дури и ако сте почетници во кујната. Се чини дека зебра колачите станаа хит изминатово време, а сè побројни се домаинќите кои испробуваат нови рецепти. Ова е еден едноставен рецепт кој секој може да го приготви. Еве што ви е отребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 жолчки, 200 г шеќер, 200 мл млеко, 200 мл масло, 400 г брашно, 12 г прашок за пециво, 5 белки, 1 кесичка ванилин шеќер, 3 лажици какао, 100 мл вода

Подготовка: Одделете ги белките од жолчките. Посебно изматете ги жолчките, а посебено белките.

Во жолчките додајте шеќер, изматете да се растопи, па додајте млеко, масло, брашно и прашок за печиво, па на крај измешајте рачно. Изматете ги белките во цврст снег и додајте ванилин шеќер.

Потоа постепено додавајте во претходната смеса и рачно измешајте сè заедно, со бавни движења за да остане смесата пенлива.

Смесата поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел додајте го какаото кое претходно сте го измешале со 100 мл вода.

Наизменично во намрсеното тавче сипете една кутлача црн фил, па една кутлача бел фил. Мора да имате два сада за двете различни мешавини.

Почнете од средината и повторете ја постапката додека да ја потрошите целата количина на тестото. По желба направете шари. Ставете да се пече во загреана рерна 40 минути на 180°C. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.