НАСА ги проучувала домашните растенија кои многумина ги имаат и открила дека некои подобро го филтрираат воздухот и ги отстрануваат испарливите органски соединенија. Тие издвоиле шест домашни сојузници.

Растенијата во домот не се само одговорни за повеќе кислород, туку некои од нив имаат способност да го исчистат воздухот од токсините и мувлата, а со тоа членовите на семејството помалку ги вдишуваат, што е секако добро за здравјето.

Тие го филтрираат воздухот од, на пример, различни градежни материјали, боите, правта, формалдехиди, спори…

Тоа не се само “бабини приказни”, туку НАСА дошла до тој заклучок откако ги  проучувала домашните растенија.

Тие откриле дека некои видови подобро го филтрираат воздухот и ги отстрануваат испарливите органски соединенија од другите, пишува Health extremist.

Топ шест растенија кои треба да се имаат дома

Алое

Алоето е одлично за подигање на нивото на кислородот во вашиот дом. Исто така, тие откриле дека ефикасно го апсорбира формалдехидот, јаглерод диоксидот и јаглерод моноксидот.

Едно алое го постигнува она што и девет биолошки прочистувачи на воздухот.

Зелен крин (Chlorophytum comosum)

Зелениот крин е способен за вршење на фотосинтеза под минимално осветлување. Одлично ги апсорбира токсините од воздухот како формалдехид, стирен, јаглерод моноксид и бензен.

Една билка ефикасно ќе го прочистува просторот од 200 метри квадратни.

Бршлен (Hedera helix)

Ова растение дефинитивно би требало секој да го има дома. Бршленот отстранува 60% од мувлата во воздухот и 58% честички од фекалии за само шест часа откако ќе го поставите во просторот.

Спатифилиум (Spathiphyllum ” Mauna Лоа”)

Одлично ги отстранува хемиските токсини од воздухот. Оваа куќно растение го филтрира бензенот од воздухот, како и формалдехидот и трихлоретиленот.

Свекрвин јазик (Sansevieria trifasciata “Laurentii”)

Идеално куќно растение, речиси неуништиво. Тоа е многу отпорно и потребно му е малку светлина за фотосинтеза.

Освен што ги отстранува токсините, одличен е за во спалната соба, бидејќи кислородот го произведува и во текот на ноќта.

Фикус (Ficus Elastica)

Особено е ефективен во чистење на воздухот од формалдехид. Исто така, не му е потребно многу светло и лесно е да се грижиме за нив.

Но, бидете внимателни ако имате мали деца или домашни миленици, бидејќи листовите може да бидат токсични.

НАСА вели дека би требало да се има помеѓу 15 и 18 од овие растенија за површина од 500 квадратни метри. Значи, за 80 “квадрати” доволни  се 3-4 билки.

Не заборавајте едно да ставите и во спалната соба, бидејќи и во неа поминуваме многу време.