Би сакала и јас да споделам за НМД.мк еден рецепт што го прочитав на интернет, го направив и на ќерка ми многу и се допадна. Навистина ја смирува кашлицата, полесно се дише.

Јас и за мене понекогаш си го приготвувам, штом ме загребе грлото.

Брзо се приготвува и вкусен е.

Потребни состојки:

1 пакување кесичка негро бонбони
100 мл млеко

Постапка:

Во шерпа на тивок оган или на пареа се ставаат бонбоните да се стопат, а кога од нив ќе добиете течна смеса се дотура млекото и се меша за да се соедини.

Се става потоа течноста во тегла и се пие неколку пати на ден по едно мало лажиче.

По 2-3 дена се смирува кашлицата.

Исто така, можете да приготвите и чаша топло млеко со 3 негро бонбони за моментно да се смири грлото кога болеста започнува да напаѓа.

Стоплете млеко, ставете ги бонбоните и мешајте додека се растопат. Го пиете топло.