Потребни состојки:

4 јајца

2 портокали

200 г ореви или бадеми или лешници или кокос

1/2 лажичка сода бикарбона

За фил:

100 г црно чоколадо

200 мл неутрална павлака за готвење

Постапка:

Портокалите потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете да отстојат половина час.

Потоа измијте ги, ставете нова вода и сварете ги на умерен оган. Гответе ги додека да омекнат.

Потоа сомелете ги добро во блендер, додадете јајца и мелени јаткасти плодови, како и малку сода бикарбона.

Печете на 200 степени околу 20 минути.

На оган загрејте ја павлаката, тргнете од оган и додадете искршено чоколадо. Мешајте додека да се растопи, па прелијте преку печениот и изланден колач. Изладете во фрижидер и послужете.