СОЧЕН ГРИЗ КОЛАЧ: Без миксер, брзо и лесно! Се мери со чаша…Потребни ви се само 5 минути за да го подготвите овој колач, без да го вклучите времето за печење. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша јогурт, 1 чаша масло, 1 чаша брашно, 200 г гриз, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 кесичка прашок за печиво. За сируп: 2 чаши шеќер, 2 чаши вода, 1 лимон шеќер или 2 или 3 парчиња лимон
ПОСТАПКА: Прво пригответе го сирупот за да има време да се олади. Во едно тенџере сипете шеќер, вода и лимон шеќер, па ставете да се вари на оган. Од моментот на зовривање нека се вари 10 минути на умерена температура.
Во подлабок сад скршете ги јајцата и додајте шеќер и ванила, па рачно атете 4 минути. Потоа додајте масло и јогурт и повторно промешајте до изедначување. Во течната мешавина додајте ги сувите состојки: брашно, гриз и прашок за печиво.
Добро промешајте за да добиете изедначена, хомогена смеса. Оставете да отстои 5 минути. Тепсија/калап со димензии 30х20 см намастете и наросете со брашно, па излејте ја смесата во неа и распоредете рамномерно.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно половина час. Испечениот колач исечете го на коцки, па рамномерно залијте го со изладениот сируп. Одозгора декорирајте го по желба со мелени ореви, кекси, кокос…
Оставете да се олади и да го впие сирупот, па послужете. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Гриз колач со мерки на чаша: Посочен и повкусен од овој сигурно не сте пробале“ – ОВДЕ.
Гриз колач со мерки на чаша: Посочен и повкусен од овој сигурно не сте пробале