Home Народна медицина Природен лек за лекување на артритис, висок крвен притисок, импотенција, затнати артерии,...

Природен лек за лекување на артритис, висок крвен притисок, импотенција, затнати артерии, астма

Овој народен лек е делотворен во превенција и лекување на астма, импотенција, артритис, чиреви, настинка, инфекција, затнати крвни садови и висок крвен притисок.

Поради единствената комбинација од лековитите состојки, овој рецепт кој дури се среќава и во традиционалната народна медицина на Амишите, го јакне имунитетот, го намалува холестеролот, крвниот притисок и делува антивирусно и антивоспалително.

Се препорачува да се консумира наутро на празен стомак, а првите позитивни резулати се забележуваат после само две седмици.

Состојки за една доза (за еден ден):

1 лажичка јаболкова киселина

1 лажичка сок од лимон

1 чешне лук, изрендано

1 лажичка рендан ѓумбир

1 лажичка мед (лицата кои патат од дијабетес можат да користат некој друг засладувач)

Постапка:

Сите состојки добро измешајте ги а доколку направите поголема количина, смесата чувајте ја добро затворена во стаклен сад, во фрижидер. Рокот на употреба е 5 дена, чувано во фрижидер.