СУСАМ ФУРНАРИНКИ ОД КОМПИР: Ги јадеме како грицки или ги макаме во сос…Се прават од 2 состојки! Кога станува збор за грицки и закуски секогаш е подобра опцијата од домашно приготвено јадење, како што се овие сусам фурнаринки.
Се приготвуваат од само две евтини состојки, лесно и едноставно, секој може да ги направи. Освен тоа, смесата е толку добра за обликување, што од неа можете да правите не само соленки, туку и пирошки со фил, или топчиња… Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 компири (450 г), 1 лажичка сол (8 г), половина лажичка црн пипер во прав, 1 чаша скроб/нишесте/грустин (110 г). И уште: сусам за валање и масло за пржење
ПОСТАПКА: Компирите излупете ги и исечете ги на приближно еднакви коцки ?(за рамномерно да се сварат). Прелијте ги со вода и варете ги додека да омекнат. Потоа испасирајте ги во мазноп пире.
Посолете и запиперете по вкус. Додајте го скробот/нишестетео, па мешајте со лажица или шпатула додека целосно да се изедначи смесата и да нема грутчиња. И тоа е тоа, вашето тесто е готово.
Кинете од него парчиња, па правете ги облиците…топчиња или во случајов долги валјачиња-стапчиња. Во соодвете сад сипете го сусамот, па валајте ги стапчињата додека убаво да се опфатат од сите страни.
Загрејте масло на умерена температура да биде со длабочина приближно 2 см (за да можат рамномерно да се испржат), па спуштајте ги стапчињата и пржете ги додека убаво да заруменат и добијат златна боја од сите страни.
Вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка и послужете ги со вашиот омилен сос. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „НЕМА ПОДОБРО ТЕСТО ОД ОВА: Идеално е за пица и фурнаринки“ – ОВДЕ.