НАЈСЛАТКИТЕ МИНИ ЛАВА КОЛАЧИЊА…Ги јадете во еден залак: Совршено меко тесто и внатре растопено чоколадо. Направете поминијатурна и послатка варијанта на лава колачот, која се јаде во еден залак!
Совршени слатки залаци со чоколаден фил! Подгответе го познатиот лава колач во едноставна варијанта – вкусот е ист, внатре се совршено сочни, а изгледаат уште поубаво. Интересно е и тоа што се печат во тавче со калапи како тостер, а не во рерна. Уживајте! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1/3 чаша шеќер во прав, 2 лажици стопен путер, 1/2 чаша топло млеко, 3/4 чаша брашно, 1/4 чаша какао во прав, 1/2 лажичка прашок за печиво и 10-12 чоколадни коцки со големина на залак
ПОСТАПКА: Во поголем сад измешајте ги стопениот путер и шеќерот во прав. Мешајте додека да добиете мазна смеса. Во смесата додајте топло млеко и убаво измешајте.
Во течната мешавина додајте ги сувите состојки, најдобро просеани: брашно, какао во прав и прашок за печиво, па добро измешајте ги сите состојки додека да добиете хомогена смеса без грутки.
Користете специјален калап за оваа намена (каков што е во видеото подолу), или калап за мафини добро намастени со путер за да не се залепат колачите. Наполнете ги со смесата до половина од калапот.
Потоа ставете 1-2 чоколадни парчиња во секој калап. Покријте го чоколадото со преостанатата смеса за да се наполнат калапите до 2/3 од висината. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени 10-тина минути или во специјалниот калап на умерено ниска температура.
Извадете ги лава колачињата, наросете ги со шеќер во прав и послужете ги топли. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „СОВРШЕН лава колач со сладолед, се топи во уста, а откога го дознав рецептот го правам секој втор ден“ – ОВДЕ.