ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: масло за готвење, малку путер , 500 г говедско месо, 2-3 главици кромид, 1 морков, 3 чешниња лук, 1 лажичка мелена слатка пиперка, 1 лажичка мелена лута пиперка, сол и црн пипер по вкус, 1 литар вода, 2 коцки говедска супа, 1 конзерва пасирани домати, 3 големи компири, 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка
ПОСТАПКА: Говедското месо исечкајте го на коцки, зачинете и извалајте ги во малку брашно, па пропржете го во комбинација од путер и масло, на умерена температура. Кромидот ситно се сечка и се додава во месото во тенџерето, па се пропржува заедно.
Се додава рендан морков и се динста заедно. Во друго тенџере зовријте вода и додајте изронети говедски коцки за супа. Оставете да се растворат. Оваа течност користете ја за постепено залевање на чорбата.
Лукот ситно исечкајте го, па додајте го во месото во тенџерето и зачинете по вкус со сува зеленчукова мешавина, сол, црн и црвен пипер. По желба можете да додадете димена црвена пиперка или чили/лута црвена пиперка.
Во месото додајте половина од водата/супата и пасираните домати (или доматен сос), па варете покриено околу 40 минути со повремено промешување. Остатокот од водата/супата додавајте ја постепено, по потреба.
Пиперките и компирите исечкајте ги на помали парчиња и додајте ги во тенџерето. Оставете да се готви уште 15-тина минути со повремено промешување. Кога компирот ќе омекне, измешајте 2 лажици брашно со малку вода и истурете во тенџерето.
Гответе уште 10-тина минути до посакуваната густина. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „„Откога го пробав овој гулаш, сите други рецепти паднаа во сенка“: Јунешкото месо се топи во уста, а сосот е – прсти да излижеш“ – ОВДЕ.