Направете брзи уштипци за појадок или велера, онака како што порано ги правеа нашите баби. Овојпат направете ги млечни со неодолив вкус, излегуваат меки како памук. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 300 мл млеко, 1 јајце, 1 квасец, 1 лажица масло, масло за ппжење, 1 лажица шеќер
ПОСТАПКА: Квасецот разматете го со две лажици млако млеко, додајте лажица шеќер, малчку шеќер и мешајте додека да добиете мазно тесто како за палачинки. Оставете го настрана на топло место, 10-15-тина минути додека да се активира и запени.
Брашното просејте го во подлабок сад за месење, направете во средина вдлабнување како бунарче, па тука сипете едно разматено јајце претходно отстојанои на собна температура, млако млеко, сол, масло и активираниот квасец.
Добро изматете го тестото да биде сето мазно и без грутчиња, по конзистенција нешто погусто од она за палачинки. Оставете го покриено на топло место без провев додека да ферментира и да го удвои својот волумен, приближно половина час.
Во широка тава загрејте масло со длабочина од 1.5-2 см, па со лажица црпете од тестото и спуштајте во врелото масло. Лажицата натопувајте ја во маслото пред секое црпнување. Кога ќе заруменат од едната страна, уштипците превртете ги и на другата.
Уштипците послужете ги топли со кисело млеко, сирење, јогурт или кајмак. Најубави и највкусни се кога се топли. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „БРЗИ УШТИПЦИ СО ЈОГУРТ: Не се масни како стандардните, се прават поразлично и многу полесно“ – ОВДЕ.
БРЗИ УШТИПЦИ СО ЈОГУРТ: Не се масни како стандардните, се прават поразлично и многу полесно